На последниот ден од изборната кампања, носителот на листа за ИЕ4 од партијата ЗНАМ – за Наша Македонија, Миле Цеков истакна дека оваа изборна едница била единствена во која носителите од сите партии немале ТВ дебата. Според Цеков, дебата немало поради тоа што носителите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не сакале да ги соочат своите ставови. Цеков смета дека доколку имало јавна ТВ дебата граѓаните ќе имале можност да видат дека само ЗНАМ – За наша Македонија е партија која е искрена во заложбите да спречи отворање рудници во Југоисточна Македонија, како и да спречи злоупотреба на родови идеологии за промена на нашите традиционални вредности и обезбедување бесплатни операции за промена на пол. Исто така, Цеков истакна дека ЗНАМ – За наша Македонија ќе се бори за покажување на платите на наставниците, медицинските сестри, судската администрација и полицијата од 30% до 100%, а земјоделците ќе имаат загарантирани минимални цени за откуп на земјоделски производи.
Цеков јавно се изјасни дека тој ќе е прв пратеник кој се откажува од користење надоместок за патни трошоци, а ќе се залага за донесување закон за потекло на имот и казнивост на политичари кои ја злоупотребиле својата положба.
На крај, Цеков нагласи дека моќта за овие промени е кај гласачите, кои ќе одлучат дали ќе ја поддржат новата политичка сила и ќе гласаат за БРОЈ 7, или ќе гласаат за истите политичари кои владеат со децении.