Носителот на листата за пратеници во Изборна единица 4 од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Миле Цеков ги повикува своите противкандидати, носители на листите во „четворката“ да ги споредат своите програми, да дебатираат за најгорливите проблеми на граѓаните, но и за државата, на јавна ТВ дебата на било кој национален медиум.