Носителот на листата за пратеници во Изборна единица на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Миле Цеков им се заблагодарува на граѓаните од општините Радовиш и Конче за поддршката на Максим Димитриевски и Движењето ЗНАМ и ги повика и на 8 мај да го заокружат бројот 7.
„Благодариме на сите граѓани од општина Радовиш и Конче кои гласаа за господинот Максим Димитриевски на 24 април. Среќни сме што секој ден се повеќе граѓани на Радовиш и Конче се приклучуваат на нашата партија. Глас за број 7 и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на 8 мај ќе значи глас за загарантирани минимални откупни цени за земјоделските производи, поддршка за подобрување на процес за доделување ЦЕМТ дозволи, а ќе се фокусираме и да обезбедиме поддршка за решавање на проблемите со загадувањето предизвикано од рудникот Бучим“ – кажа Цеков.