Правно лице и раководител на правното лице Ј.К од Струмица си заработија кривични пријави поради основ на сомение дека сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“, соопштија од МВР.
„Пријавените, не извршиле замена на неизолираните жици од нисконапонската мрежа во село Ново Село, по што на 24 јули годинава, настанал пожар на сува вегетација, кој се проширил на три куќи и три помошни објекти“ – велат од МВР.