Во денешното соопштение МВР информира дека инцидентот кој се случил пред натпреварот помеѓу „Локомотива“ и „Беласица“ на стадионот во населбата Синѓелиќ, го пријавиле и двата клуба.
Од ФК „Беласица“ претходно соопштија дека пред натпреварот физички биле нападнати нивните тренери, а имало закани и со огнено оружје. Тие случајот веднаш го пријавиле во МВР. А пријава стигнала и од ФК „Локомотива“, член на домашниот клуб се пожалил на навреди и агресивно однесување од страна на гостински фудбалер.
„На 08.03.2023 година во 12:50 часот во Полициската станица Гази Баба, Ѓ.Ш.(30) од село Иловица, струмичко, пријавил дека околу 12:10 часот пред соблекувална на фудбалскиот стадион во Сингелиќ, пред одигрување на натпревар од Втората македонска фудбалска лига помеѓу екипите на ФК Локомотива од Скопје и ФК Беласица од Струмица, тој и неговиот колега од ФК Беласица, Б.Г(32) од Струмица, биле физички нападнати од едно лице. Околу 13:00 часот во Полициската станица Гази Баба, М.М.(49) од Скопје, член на домашниот клуб, пријавил дека околу 12:15 часот еден од гостинските играчи агресивно се однесувал кон него и го навредувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – стои восоопштението од МВР.