Вчера во периодот од 10:00 до 18:00 часот на подрачјето што го покрива Секторот за внатрешни работи – Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 106 прекршување на брзината, од кои 53 на подрачје на Радовиш, 28 на подрачје на Струмица, 14 на подрачје на Валандово и 11 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 57 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 49 во населено место, од кои 3 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.