понеделник, 15 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Маџунков: Во 2024 година ќе се набават електрични комбиња за јавен превоз по цена од 350.000 евра

четврток, 28 декември, 2023 | 11:53
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Струмица, Никола Маџунков вели дека во предложениот Буџет за 2024 година се кратат голем број на средства од капитални објекти и програми коишто значат развој за градот, од инвестиции во градежништво, од асфалтирање на улици, од купување на опрема и маеханизација во сите јавни претпријатија, се крати и од основните и средните училишта, а како што кажа Маџунков, со единствена цел во 2024 година се набават електрични комбиња за потребите на јавниот превоз на општина Струмица, коишто се по цена од 350.000 евра со капацитет за 20 патници. Тој направи споредба со јавна набавка на Општина Штип за купување на шест автобуси со капацитет за 100 и за 60 патници, а по цена од околу 150.000 евра.

„Од бројките во Буџетот за 2024 година јасно се гледа дека Општина Струмица нема капацитет за толку скапи електрични комбиња и со тоа се доведува во прашање јавниот превоз во општина Струмица, којшто е меѓу последните големи општини кои нема јавен превоз. Од друга страна, како пример за тоа дека јавниот превоз е во опасност, се и двете „паднати“ јавни набавки за електрични комбиња кои во 2023 година не успееја“ – кажа координаторот Никола Маџунков на денешната прес конференција која оваа советничка група ја одржа пред почетокот на денешната 32-ра седница на Советот на општина Струмица.

Маџунков кажа дека имале забелешки и за тоа што во новиот Буџет за 2024 година немало зголемување на средствата за заштита на животната средина во услови кога има најголемо загадување на воздухот во Струмица.

Тие за денешната расправа поднеле повеќе амандмани за 50-тина проекти, меѓу кои ги спомна, за субвенционирање на инвертори за домаќинствата, за субвенција на фотоволтаични 20-киловатни фотонапонски централи за угостителските објекти и за стопанските објекти со што, како што кажа Маџунков, ќе биде директна мерка во борбата против загадувањето и заштита на животната средина.

ShareTweetShare
Previous Post

Полицијата ќе биде присутна насекаде за време на празниците – апел од началникот на СВР Струмица, Кирил Арапов

Next Post

19-годишна девојка со својот автомобил удрила во 43-годишна струмичанка

Related Posts

И советникот Ѓорги Танушев реагираше по обвинувањата кон него од страна на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски
Вести

Ѓорги Танушев ќе ја предводи независната советничка листа на „Стига Е“

недела, 14 септември, 2025 | 19:22
Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков
Вести

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков

сабота, 13 септември, 2025 | 21:18
Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица
Вести

Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица

сабота, 13 септември, 2025 | 20:09
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

сабота, 13 септември, 2025 | 11:21

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist