петок, 14 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Марјан Даскаловски со реакција по вчерашните обвинувања на социјалните мрежи

петок, 8 август, 2025 | 18:23
in Вести, Струмица
Марјан Даскаловски со реакција по вчерашните обвинувања на социјалните мрежи

Претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски кој воедно е и кандидат за градоначалник на Струмица на претстојните Локални избори од СДСМ, со реакција во врска со обвинувањата кон него на социјалните мрежи за текот на вчерашната седница на Советот на општина Струмица.

Интегрален текст од реакцијата доставена до медиумите:

Почитувани граѓани.

Пред избори маските почнаа да паѓат. Па затоа на овој начин сакам да ви се обратам и да ги расчистиме сите дилеми, а воедно и да ве предупредам дека Струмица им е трн во око, но и да ви ветам дека Струмица ќе биде на сите, без лаги, без дволични игри, без компромиси!

По вчерашните здружени соопштенија од страна на ВМРО-ДПМНЕ, независниот советник Танушев и градоначалникот Костадинов добивме нова коалиција во Струмица, која во паника од изборите кои следуваат дејствуваат организирано против мене и СДСМ.

Вчерашната седница беше целосно спороведена по деловник.

На дневен ред беше предложен амандман од советникот Танушев, по кој требаше изјаснување од страна на заменикот раководител на сектор за анамандманот, кој во два наврати (пред и после пауза) не се изјасни воопшто, свесен дека нема средства за реализација на истиот.

Инаку известителот од прв ред е Градоначалникот, потоа заменик градоначалник, потоа раководител за на крај заменикот…

Откако увидоа дека за предложениот амандман нема средства во буџетот, советникот Танушев сакаше од негови „политички” побуди да го стави на гласање.

Замислите, ВМРО-ДПМНЕ беа против тоа, за сега да излезат со соопштение во кое ја покажуваат нивната дволичност.

Паниката во нивниот штаб, очигледно ги тера на соопштенија кои не се ни блиску до реалноста, но за тоа на избори граѓаните ќе судат.

Зошто маските паднаа!?

Пред 3 месеци кога повикувавме на здрав разум за ситауцијата во градинките, ВМРО спинуваа, независниот велеше да не се политизира, а градоначалникот вети ребаланс за пронаоѓање средства на кадарот од градинките, не го стори тоа. Ништо од тоа не се случи, напротив сега ВМРО повторно игра дволично, независниот политизира, а градоначалникот чукајќи се во гради, заборави на ветеното. Ваквиот хаос ќе престане уште во Октомври.

Јас сум човек кој секогаш е спремен да подаде рака кон секој и за секој. Граѓаните на општина Струмица знаат кој е Марјан Даскаловски.

А за пожарникарите, од сите погоре спомнати, можам без сомнеж да споделам дека таму ги имам сите како мои другари и пријатели и за нивното херојство ќе се заложам уште во првиот ден од мојот мандат.

Општина Струмица ќе добие нов лик, ќе добие нов менталитет и ќе работи во интерес на сите.

Маските ви паднаа, јас сум победувал различни коалиции, затоа што сум со граѓаните, па затоа и ќе ве победам повторно! – стои во реакцијата на Марјан Даскаловски.

ShareTweetShare
Previous Post

Повредени тројца млади луѓе на возраст од 12, 15 и 19 години кои со мотори направиле сообраќајка на „Ленинова“

Next Post

Претседателот на Собранието, Африм Гаши ги распиша Локалните избори – ќе се одржат на 19 октомври

Related Posts

Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет
Вести

Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

четврток, 13 ноември, 2025 | 15:57
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
Вести

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица

среда, 12 ноември, 2025 | 15:23
Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување
Вести

Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување

среда, 12 ноември, 2025 | 13:47
„Комуналец“ започна акција за мапирање и чистење на мини дивите депонии во Струмица
Вести

„Комуналец“ започна акција за мапирање и чистење на мини дивите депонии во Струмица

вторник, 11 ноември, 2025 | 14:11
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Вести

На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“

понеделник, 10 ноември, 2025 | 20:46
ЈПКД „Комуналец“ ја реализираше есенската викенд акција за почисти улици и апелира до граѓаните за повисока совесност
Вести

ЈПКД „Комуналец“ ја реализираше есенската викенд акција за почисти улици и апелира до граѓаните за повисока совесност

понеделник, 10 ноември, 2025 | 13:42

ТОП ВЕСТИ

Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување
Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица
Концерт „Музички патишта: Од средновековна Европа до Медитеранот“ во Струмица
Хуманитарен „Концерт на добрината – За Нина“ во организација на „Елеуса Фондација“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist