Лидерот на Социјалдемократите, Венко Филипче на вечерашната прес конференција, освен кандидатот за градоначалник на општина Струмица, Марјан Даскаловски обелодени кандидати за градоначалници за уште десет општини меѓу кои и за општините Босилово и Василево од струмичкиот регион.
Мариче Кармазичева ќе биде кандидат за градоначалник од СДСМ за општина Босилово, нејзин против кандидат е актуелниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Ристо Манчев. Кандидат за општина Василево од СДСМ ќе биде Ванчо Новоселски, тој за трката на оваа функција на претстојните Локални избори во октомври ќе биде со актуелниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Славе Андонов.
Од четирите струмички општини СДСМ сé уште не објавил кандидат за општина Ново Село. ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина останува со сегашниот градоначалник, Ѓорге Божинов.