Караванот од предизборната кампања за Парламентарните избори во „четворката“ на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, денеска продолжи во Неготино и регионот. Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и носителот на листата за пратеници во оваа изборна единица, Миле Цеков се сретнаа со жители на градот Неготино и селата Тремник, Долни Дисан и Тимјаник, каде им ги објаснуваа добрите практики во земјоделието кои се применуваат во земјите од ЕУ.
Носителот на листата на ЗНАМ, Миле Цеков истакна дека еден од неговите основни приоритети се задоволни земјоделци, а за таа цел презентираше мерки вклучувајќи: приоритетно доделување земјоделско земјиште, забрана за пренамена на земјоделското земјиште во други категории и заштита на домашното производство.