Александар Димитров од Иловица, струмичко, кој живее и работи во Швајцарија победи на 19-то Швајцарско првенство за преработка на месо, што се одржа вчера во Вајнфелден. Тој во конкуренција на 60-тина месери од Швајцарија го освои првото место во категоријата „Akkordmitarbeiter“ – „Елитни месари“.
Станува збор за натпревар на кој месари од Швајцарија се натпреваруваат за брзо и прецизно дебонирање на три свински раменици, а меѓу другото и чистотата на коските е вклучена во проценката.
Инаку, Александар веќе 7 години живее и работи во Швајцарија, а пред заминувањето таму 20 години беше дел од тимот на Месара „Шунте“ во Струмица.