Синоќа во 20:00 часот во селото Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 30-годишен жител на тоа село, кој според пријавеното физички ја нападнал неговата сопруга, со која неколку месеци не живееле заедно и ѝ нанел повреди на телото. Тој бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од Струмичката полиција.





























