СВР Струмица информира дека вчера во селото Василево, покрај хидрофор од куќа бил пронајден починат Г.Г.(33). Од страна на лекар од Општата болница во Струмица била констатирана смрт, предизвикана од струен удар. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица, а телото на починатиот било дадено на семејството.