Вечерва по полноќ, на Маскенбалот во хотелот „Сириус“ беа избрани принцот и принцезата на Струмичкиот карневал. Тоа се Лефтер и Цветанка Андонови кои утре, односно денеска (сабота) од 18:30 часот, заедно со кралот ќе го предводат карневалското дефиле на интернационалната карневалска вечер низ улиците на Струмица. Тие од претседателот на ОО на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов добија медал „Струмички карневал“ и пригодни подароци.