Делегатите на Собранието на Општинскиот Сојуз на училишен спорт – Струмица за нов претседател на оваа асоцијација го избраа Леонид Танчев, професор по физичко образование и актуелен директор на ООУ „Видое Подгорец“ во Струмица. Тој доаѓа на местото на долгогодишниот прв човек на општинскиот сојуз, Драган Јанков. За потпретседател е избрана професорката Вера Божијанова-Димитриевска. На Изборното Собрание беа избрани и нови членови на Извршниот одбор како и на Надзорниот одбор.