„Борбата за Македонија ја започнуваме во Струмица, во т.н. „бастион на заевизмот“ со јасна порака: СДС мора да биде поразен и засекогаш заменет како доминантната партија во левиот политички спектар“, соопшти партијата Левица.
Во најавата се вели, „ќе одекне повикот на новото време и на враќањето на достоинството на Република Македонија“.
Како што информираат од Левица, на 4 април, со почеток од 19:30 часот, свое обраќање во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе имаат кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Билјана Ванковска, претседателот на Левица и носител на ИЕ 1, проф. д-р Димитар Апасиев, како и носителот на ИЕ 4, Сашко Јанчев.