СВР Струмица до Основното Јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Ш.(43), Е.Д.(28), К.И.(19), Е.И.(44), А.Ј.(27), А.Д.(31) и Ф.К.(18), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „загрозување на животната средина со отпад“, казниво по член 230 од Кривичниот законик.
Според пријавата, осомничените неовластено тргувале со отпад, при што вршеле откуп на отпадни метални предмети и хаварисани возила од повеќе физички лица. Потоа, тие вршеле механичко одвојување, сортирање и екстракција на метали, кои подоцна ги носеле во регистрирани отпади или кај правни субјекти што се занимаваат со складирање и третман на отпад, а дел од отпадот го продавале и кај првопријавениот А.Ш. по повисоки цени, со цел остварување материјална корист.
Исто така, А.Ш. вршел складирање на отпадни материјали во непосредна близина на неговото живеалиште во Струмица и ги организирал останатите пријавени лица да вршат откуп и транспорт на отпадни метални предмети. За таа цел им давал на користење возила, а за извршените активности им исплаќал паричен надомест, информираат од СВР Струмица.





























