СВР Струмица денеска поднесе кривична пријава против В.Р.(42) и Е.Р.(27), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено, на 27 април, пријавените додека биле во казино, подолг период ги оставиле своите малолетни деца заклучени во патничко возило на паркинг простор, информираат од МВР.
 
 
                                 
 
 
		    
 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	

















 
								