СВР Струмица поднесе кривична пријава против 22-годишно момче од Дабиле, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“, информираат од струмичката полиција.
Во периодот од 01.07. до 30.10.2022 година, пријавениот во повеќе наврати вршел бришење на компјутерски податоци на правен субјект од Струмица, при што предизвикал невистинит резултат при електронската обработка и преносот на податоците, со што го оштетил правниот субјект за сума од 493.860 денари.