СВР Струмица информира дека Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против Г.Л.(41) од село Владевци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, по член 288 од Кривичниот закон. Тој се сомничи дека на 15.05.2023 околу 22.30 часот предизвикал пожар во куќа во Радовиш.