Денеска жителите на Костурино го слават патрониот празник на селото – Петровден. Традиционално на овој ден се одржува турнир во пеливанско борење – обичај што со години се негува и пренесува од генерација на генерација.
Претседателот на Советот на општина Струмица и кандидат за градоначалник на претстојните Локални избори од СДСМ, Марјан Даскаловски денеска го посети селото и имаше средба со жителите. Разговараа за проблемите со кои се соочуваат, за нивните потреби што треба да ги направи локалната самоуправа во наредниот период.
Даскаловски го следеше и турнирот во пеливанско борење. Вели дека младите со голем ентузијазам и посветеност ја продолжуваат оваа уникатна традиција.