Мики Јовановски Џафер, македонски рок музичар, брилијантен вокал, неуморен перфекционист, човек кој остави траен белег на македонската музичка сцена, на 25 април со свој концерт во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, а по повод 50 години музичка кариера.
Во текот на петдецениската кариера соработувал со многу музичари, а бил член на многу бендови: Солзи, Бангла Деш, Мост, Република 903, Разбој, Леб и сол, Автограм, Бодигардс, Тоа е тоа и дриги. Незаборавен е како интерпретатор на љубовната „Сонце за три света“, која беше прогласена за песна на деведесетите и влезе во историјата на македонската музика. Изведбата на „Макфест“ во 1993 година, „Сонце за три света“ освои награда за најдобар текст, а Мики Јовановски Џафер награда за интерпретација.
Добитник е на награда „Златна бубамара на популарноста“ за трајни вредности. Оваа престижна награда е всушност потврда за музичкиот траен печат што Мики Јовановски Џафер го остави во срцата на сите љубители на поп и на рок-музиката – „Лага и измама“, „Под Пелистер“, „Одам на југ“, „Мики мој“, „ Џоле бре гол“ и незаборавната „Сонце за три света“.
- Четврток, 25 Април 2024
- НУЦК „Антон Панов“ Струмица
- Старт: 20:00 часот
- Билет: 500 денари