Синоќа во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица се одржа Концерт насловен „Ехо во Струмица“ со оперските солисти Марија Наумовска и Васко Здравков од Македонската опера и балет, а под водство на Андреј Наунов.
Струмичани, љубители на оперското пеење, кои и беа дел од овој концерт уживаа во ретката можност да ги слушат во живо познатите арии: Carmen“, „La Boheme“, „Giuditta“, „Il Barbieri di Seviglia“ и други светски оперски дела.