Екипи на ЈПКД „Комуналец“ денеска повторно ја чистеа дивата депонија создадена од несовесни граѓани на улицата „Антон Панов“ во Струмица. Екипите, рачно и со механизација го исчистија и уредија овој простор, кој претставуваше грда слика на градот Струмица.
Од струмичкото јавно претпријатие апелираат да не го фрлат својот шут и отпад, туку да се јават во „Комуналец“ на 13-110 и истиот тие ќе го подигнат, со што би се спречило повторно обновување на вакви диви депонии на територијата на општина Струмица.