ЈПКД „Комуналец“ Струмица објави 16 микробиолошки анализи изработени од страна на акредитирани лаборатории и во сите нив стои дека „Испитаниот примерок на вода е здравствено исправен согласно Правилникот за безбедноста на водата“.
„Само резултатот од анализата направена од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје ја немаме добиено, за кој од страна на медиумите дознавме дека не одговара на Правилникот за безбедност на водата, поради присуство на колиформни бактерии“ – соопштија од „Комуналец“.
Од комуналното претпријатие велат дека во исчекување на резултатите од Институтот за јавно здравје – Скопје, продолжуваат со активностите за водоснабдување на граѓаните со питка вода се до моментот кога инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство им даде решение дека водата официјално е за пиење.