Поради дефект на главна водоводна цевка која минува низ градскиот парк, деновиве делови од градот Струмица и населените места Добрејци и Просениково беа без вода. Поради обемноста на дефектот, екипи на ЈПКД „Комуналец“ работеа неколку денови и дефектот е отстранет, а водоснабувањето е нормализирано, информираат од струмичкото комунално претпријатие.
Специфичноста на работата наложува ископите да се пополнуват етапно, како не би дошло до повторно пукање на цевката. Во текот на наредните денови ископите ќе бидат целосно санирани и велосипедската патека ќе биде вратена во првобитната состојба.