Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски упати честитки и за победата на Гордана Силјановска Давкова во трката за избор на претседател и за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кој ќе ја предводи новата Влада.
„Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен голем удар“, вели Ковачевски и додава дека и тој и сите партиски функционери имаат одговорност.