Во сабота, 31 мај од 19:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се одржи Книжевна вечер со Жарко Милениќ, со посебен осврт на неговиот роман „Ги изеде дождот“, преведен на македонски јазик. Разговор со авторот за неговото творештво, можност за актуализирање на балканските литератури: сличности и разлики. Искуството на Жарко Милениќ како преведувач на дела од македонски јазик. Промотори и медијатори ќе бидат: Нове Цветановски, автор и директор на издавачката куќа „Македоника литера“ и Ацо Гогов, книжевен автор.