Синоќа околу 20:30 часoт на регионалниот пат Струмица – Валандово, кај место викано „Бекатон“ во село Костурино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран дале знак за запирање на патничко возило „Опел Зафира“ со струмички регистарски ознаки, при што возилото не застанало. Возилото продолжило да се движи кон село Костурино и кога застанало во селото од него излегле 8 лица мигранти од Сирија кои набргу биле фатени, а возачот се дал во бегство. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.