Вчера во 19:00 часот во село Василево, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Т.М.(39) од село Василево. При преглед кај него биле пронајдени амфетамин и марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес и во неговиот дом во село Василево, при што биле пронајдени и одземени една тегла и неколку пакувања со марихуана, повеќе пакувања со амфетамин и една дигитална вага, информираат од СВР Струмица.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против Т.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.