вторник, 3 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Карневалска Европа е во Струмица, со две лица играа македонско, сиртаки, југо-рок, светски евергрини – Тито ги обедини

сабота, 25 февруари, 2023 | 12:23
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ

Она што со голо око се гледа како една ѕвезда, всушност се две ѕвезди… „Сириус“ е најсјајната ѕвезда на ноќното небо, а токму во еден хотел со вакво име во Струмица синоќа сјаеше од кристали, рефлектори во разни бои и луѓе под маска.

Го гледаш Јосип Броз Тито, а всушност гледаш уште една личност, Костадин Костадинов, градоначалникот на Струмица. Ја гледаш Јованка Броз, а таа да ти била неговата нова девојка Гордана Георгиева. Гледаш живи мртовци, а они биле принцот и принцезата за карневалот, Наско и Катерина. Сите беа по две личности… И Хитлер беше, оригинал, чиниш направен во восочна фигура, ама се движеше, играше… Фидел Кастро, Че Гевара, Гадафи, Мајка Тереза, Папата… Тие му беа другари на Тито. Имаше и црнци и Арапи, Алиса од земјата на чудата беше, Егзотични птици, Дизниеви принцези, имаше и една група што го имитираа од филмот тој глумецот што се растеглува со жолт костум… Минатото, сегашноста и иднината на еден бал, но на Маскенбал струмички.

Прекрасно нешто, се замислуваш во некој друг свет, не во оној нашиот нормалниот, секојдневниот, во некој поубав свет од ова што е денешница. Ама и ова вечер не можеа да го сокријат онаа што им е во душата. Замислете Грци играат оро на македонска песна, ама и нашите играа на сиртаки. Урнебесно до раните утрински часови. „Ретроманија“ правеа расположение до сабајле. Атракција на Маскебалот беа Грците од Кукуш. Со тапани се расчукаа од влезот на салата до пред бината.

На Маскенбалот освен нашите, имаше и Хрвати, Срби, Босанци, Црногорци, Грци, Бугари, а тука беа и гостите од FECC, од Шведска, Германија, Холандија, Италија, Словенија и Турција, и тие играа цела вечер на се што ќе се свиреше.

На главната карневалска вечер, која стартува денеска од 18:30 часот, ќе учествуваат 41 група со околу 1200 учесници под маски, од кои околу 300 се гости од странство.

ФОТОГАЛЕРИЈА >>>

ShareTweetShare
Previous Post

Граѓаните преку интернет ќе можат да избират „најдобра маска“ од годинашниот „Струмички карневал“

Next Post

Уште една победа на „Струмица Никоб“ – 3:0 над тетовска „Лирија“

Related Posts

Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“
Вести

Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

понеделник, 2 јуни, 2025 | 13:14
Во Градската уметничка галерија во Струмица поставена изложба на фотографии од царското семејство Романови
Вести

Во Градската уметничка галерија во Струмица поставена изложба на фотографии од царското семејство Романови

понеделник, 2 јуни, 2025 | 12:45
Младиот Лука Г. Костов вечерва ќе ја промовира својата прва книга „Филигран од мастило“
Вести

Младиот Лука Г. Костов вечерва ќе ја промовира својата прва книга „Филигран од мастило“

понеделник, 2 јуни, 2025 | 12:30
Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада
Вести

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада

сабота, 31 мај, 2025 | 21:22
Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург
Вести

Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург

сабота, 31 мај, 2025 | 12:10
Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево
Вести

Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево

сабота, 31 мај, 2025 | 11:32

ТОП ВЕСТИ

Се распееја прекрасни вокали од неколку градови во салата на Центарот за култура – по 15. пат „Под кулите на Струмица“
Се рушат бесправно поставени урбана опрема и објекти на јавни површи во центарот на Струмица
Првата награда на Фолк Фест „Валандово 2025“ за Сузана Гавазова и Љубчо Ѓоргиев и песната „Љубовта да расцути“

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

Младиот Лука Г. Костов вечерва ќе ја промовира својата прва книга „Филигран од мастило“
КНИЖЕВНА ВЕЧЕР со Жарко Милениќ
Фестивалот на староградската песна и серенада „Под кулите на Струмица 2025“ во четврток во Центарот за култура
Во среда во Струмица ќе биде прикажан филмот „Невидливиот гостин“
Во среда од 20:00 часот на струмичкиот плоштад – Хуманитарен концерт

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist