Караванот на супер еко херои на „Нула Отпад“ ДОО Скопје беше во општина Струмица, меѓу учениците во основните општински училишта „Сандо Масев“, „Никола Вапцаров“ и „Видое Подгорец“, каде се реализираше креативна и комплетна едукативна програма која освен едукација ќе иницира и активности за собирање, селекција, рециклирање и реупотреба на електронскиот отпад.
Во рамките на соработката меѓу „Нула Отпад“ од Скопје и Општина Струмица, се поставени 12 контејнери за собирање на мала отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и 25 садови за отпадни батерии.
 
 
                                 
 
 
		    








 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	

















 
								