петок, 30 јануари 2026
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Канскиот лауреат „ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ“ на програмата на 19-тиот „Астерфест“ во Струмица

сабота, 20 јули, 2024 | 12:32
in Вести, Магазин, Струмица
Канскиот лауреат „ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ“ на програмата на 19-тиот „Астерфест“ во Струмица

„ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ“ во режија на Небојша Слијепчевиќ е тринаесетминутен хрватски филм со Горан Богдан во главната улога. Тоа е филм од најновата актуелна хрватска продукција, произведен оваа 2024 година и неодамна тој ја освои Златната палма за краток филм на Канскиот филмски фестивал.

Дејствието на филмот се случува на 27 февруари 1993 година, во Штрпци, Босна и Херцеговина. Патнички воз на линијата Белград – Бар е запрен од паравоени сили во акција на етничко чистење. Додека ги извлекуваат невините цивили, само еден човек од 500 патници се осмелува да им се спротивстави. Ова е вистинска приказна за човекот кој не можел да молчи. Филмот е всушност успешна копродукција помеѓу Хрватска, Словенија и Бугарија. Инаку, филмот е во продукција на „Антиталент“ од Загреб, а зад него стојат имињата на продуцентите Катарина Прпиќ и Даниел Пек.

„Тоа е навистина неверојатно доживување, да се качиш на сцената, и тоа вечерта кога Џорџ Лукас ја прима наградата за животно дело од рацете на Френсис Форд Копола. Сé уште тоа ми изгледа малку нереално. Но она што можеби е најважно е тоа дека оваа награда му ја посветив на Тома Бузов, човекот кој ме инспирираше за овој филм и чијашто е приказната, и многу сум среќен поради тоа, да излезам пред толку голема публика, благодарение на оваа награда“ – изјави пресреќен Небојша Слијепчевиќ во кратката видео изјава за Хрватскиот аудиовизуелен центар, непосредно по добивањето на Златната палма во Кан, што е прво такво високо и престижно признание на Хрватска по осамостојувањето.

ShareTweetShare
Previous Post

Приведено 53-годишно лице од струмичко – извршил обљуба врз малолетник со пречки во развојот

Next Post

Прославата на 100-от роденден на Скопско почна во Струмица!

Related Posts

Информативен настан во Струмица: Грантови до 30% за зелена енергија за домаќинствата
Вести

Граѓаните со штети од поплавите ќе можат да поднесуваат барања до општинската Комисија за процена на штета

петок, 30 јануари, 2026 | 19:47
Градежната инспекција интервенираше: отстранети дивоизградени објекти кај „Никола Карев“
Вести

Градежната инспекција интервенираше: отстранети дивоизградени објекти кај „Никола Карев“

петок, 30 јануари, 2026 | 18:41
Трипуновски во Костурино: Фармерот кој го загуби стадото во поплавите ќе биде обесштетен од Владата
Вести

Трипуновски во Костурино: Фармерот кој го загуби стадото во поплавите ќе биде обесштетен од Владата

петок, 30 јануари, 2026 | 12:16
Доделени стипендии за талентирани основци и средношколци во општина Струмица
Вести

Доделени стипендии за талентирани основци и средношколци во општина Струмица

петок, 30 јануари, 2026 | 11:33
Резултати од истражувањето „Потребите на младите на локално ниво“ во општина Струмица
Вести

Поранешен претседател на ловечко друштво од Струмица осомничен за проневера од над 1,3 милиони денари

петок, 30 јануари, 2026 | 10:50
„Комуналец“ интервенира во Муртино – поставени пропусти за спречување поплави
Вести

„Комуналец“ интервенира во Муртино – поставени пропусти за спречување поплави

четврток, 29 јануари, 2026 | 13:51

ТОП ВЕСТИ

Градежната инспекција интервенираше: отстранети дивоизградени објекти кај „Никола Карев“
Трипуновски во Костурино: Фармерот кој го загуби стадото во поплавите ќе биде обесштетен од Владата
Доделени стипендии за талентирани основци и средношколци во општина Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ-ЛУНА“ – Струмица вработува Рафинеријата за масло „ОСТРОГ-ЛУНА“ – Струмица вработува
СЕ ПРОДАВА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА на актрактивна локација покрај регионалниот пат Струмица – Василево СЕ ПРОДАВА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА на актрактивна локација покрај регионалниот пат Струмица – Василево
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори

ВЕСТИ од Македонија

БЛОКАДА НА ГРАНИЦИТЕ: Превозниците од понеделник го стопираат товарниот сообраќај на девет премини

Одрон од карпа на автопатот Скопје – Велес кај тунелот „Бадар“, сообраќајот се одвива без застој

Прекинат сообраќајот на граничниот премин Евзони – Богородица поради блокада од грчките земјоделци

НАЈАВА

Граѓаните со штети од поплавите ќе можат да поднесуваат барања до општинската Комисија за процена на штета
Советот на општина Струмица утре ќе расправа за задолжување на „Струмица Гас“, ќе носи и нови правила за финансирање на спортските клубови
Општина Струмица распиша јавен повик за поставување рекламни паноа на 40 локации за период од пет години
За утре е планиран прекин на електричната енергија во неколку населени места во општина Ново Село
Утре напладне „фрлање“ на Светиот крст во базенот „Аквариус“ во Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist