Таканаречениот „Струмички кавалер“ – електрично возило адаптиран за превоз во пешачки зони пробно се возеше низ големиот градски парк, струмичкото корзо и плоштадот во Струмица.
Општина Струмица преку донација обезбеди две вакви возила кои струмичани, но и гости, туристи кои доаѓаат во градот, бесплатно ќе можат да ги користат и да одат од едно на друго место.
Овој „кавалер“, како што објави градоначалникот Костадин Костадинов е по примерот на Љубљана и е прво во нашата држава. Вели дека секој граѓанин може да го користи, но апелира да им се дава предност на повозрасните граѓани.