Струмичката полиција поднесе кривична пријава за Ј.М.(27) од Кочани, бидејќи преку Б.М. испратил кокаин до брат му кој издржувал казна затвор во КПУ „Затвор“ во Струмица.
„СВР Струмица поднесе кривична пријава за Ј.М.(27) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Имено, пред паркинг простор на Казнено-поправната установа „Затвор“ Струмица, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Фолксваген Голф’’ со кочански регистарски ознаки, управувано од Б.М. од Кочани, при што пронашле и одзеле кокаин, кој бил испратен од пријавениот Ј.М, преку Б.М., за неговиот брат кој издржувал казна затвор во КПУ „Затвор“ Струмица“, информираат од струмичката полиција.