петок, 5 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Интервју со фолклористот Иван Котев: Нашиот човек треба да види дека некој се грижи за него

вторник, 7 март, 2023 | 17:52
in Вести, ИЗБОР на уредникот, Струмица, ТОП ВЕСТИ

Јубилејната петнаесетта книга на македонскиот фолклорист Иван Котев „Наведе́ се с’нце да зајде“, пред недела дена излезе од печат, а нејзината промоција ќе се случи овој месец. Котев, кој повеќе од половина век собира и проучува фолклорен материјал од Струмичко, ја посветува оваа книга на неговото родно место, струмичкото село Робово. Во најновата книга на Котев се поместени песни, приказни, поговорки, кажувања, информации за празници, обичаи и друго, кои оваа книга ја прават значајно дело за културно-историското наследство на Робово. Ова е втора книга на Котев за неговото родно село, по издадената во 1995 година „Училиштето во Робово од преродбата до денес“, која ја следи историјата на училишното дело на ова село, која е особено значајна затоа што, според познатите историски податоци, Робово е првото место во струмичкиот крај во кое се отвора преродбенско училиште.

По повод издавањето на неговата најнова книга, Радио СтрумицаНет направи интервју со Иван Котев. Во интервјуто, струмичкиот Димитар Миладинов или Марко Цепенков на нашето време, чичко Иван зборува за јубилејната книга, како и за неговата полувековна собирачка и проучувачка дејност, присетувајќи се на почетоците, како и на љубовта кон народното творештво, всадена кај него уште од рани години од неговите родители, робовчаните Савета и Илија Котеви, на кои и им ја посветува новата книга. Теренската работа на Котев содржи многу искуство и запознавање со многу луѓе. Тој со восхит раскажува за неговите информатори. Некои од нив на доцни години, во постела, се нафатиле да му го пренесат народното творештво, за истото да биде овековечено.

Архивата на Иван Котев е полна со материјал што допрва треба „да види бел ден“. Тој веќе работи на неколку нови книги, една од нив е и вториот том на „Мудроста на вековите“. Поголем дел од творештвото на Котев е издадено во последните неколку години.

„Книгата „Наведé се с’нце да зајде“ (Фолклорни и етнолошки материјали од село Робово, Струмичко, Струмица 2022г.) е дело со кое Котев, на најдостоинствен начин му се оддолжува на родното место. Оваа книга претставува пребогат извор на автентични теренски материјали за народното творештво и народниот живот на село Робово, навидум еден мал локален простор, но со огромна културолошка вредност. Ова вредно дело укажува на потребата од расветлување на ваквите мали сокриени и маргинални места на географската карта на Македонија, но места на кои се случувале значајни настани што народот ги засведочил и ги конзервирал во песна, приказна, легенда, предание, кажување… Сериозниот пристап поткрепен со научна акрибија, го прави Котев човек кој, не само што запишува и дешифрира материјали од терен, туку и истражувач кој го проучува фолклорот и изложува свои тези поврзани со него“, пишува рецензентката на книгата, професорката Ана Витанова Рингачева. (К.Ѓ.)

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ со Иван Котев >>>

ShareTweetShare
Previous Post

Кривична пријава за жител на Василево – криумчарел мигранти

Next Post

Во Радичево се асфалтира улицата кон црквата „Св. Илија“

Related Posts

Обраќање на кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков
Вести

Обраќање на кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков

четврток, 4 септември, 2025 | 14:41
Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу
Вести

Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу

четврток, 4 септември, 2025 | 09:09
Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица

среда, 3 септември, 2025 | 21:48
Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември
Вести

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

среда, 3 септември, 2025 | 16:32
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион
Босилово

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион

среда, 3 септември, 2025 | 15:52
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“
Вести

Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

среда, 3 септември, 2025 | 15:31

ТОП ВЕСТИ

Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу
Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist