среда, 5 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

„Инклузива“ организираше тридневна работилница за членовите на „Мобилност“ Струмица за нивно учество во политичкиот и јавниот живот

понеделник, 2 октомври, 2023 | 12:41
in Вести, Струмица

„Учеството на сите граѓани во општествените и политичките процеси е предуслов за градење на демократски систем во било која држава. Македонија е демократска земја, но исклученоста на една група граѓани од политичкиот живот, укажува на фактот дека не се создадени услови за почитување на најважниот принцип во демократскиот систем – еднаквоста. Еднакви политички права, како и поддршка и прифаќање во политичкиот живот за лицата со попреченост е пресудна за нивната потполна партиципација и учество во сите други процеси. Вклучувањето во политичкиот живот на лицата со попреченост треба да биде еден од главните приоритети на институциите и политичките партии“, ова беше кажано на работилницата која ја организираше Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, која од 29 септември до 1 октомври ја организираше за членовите на „Мобилност“ во Струмица, а во рамките на проектот „Еднакво учество на лицата со попреченост во политичкиот и јавниот живот“.

На работилницата беа опфатени теми за Политичко учество, Лидерство и Застапување. Преку интерактивни дискусии за начините како лицата со попреченост можат активно да учествуваат во политичкиот живот на земјата, акцент беше ставен на важноста од нивното политичкото учество и активизам како набљудувачи, гласачи и кандидати на листи за пратеници и советници, како и учеството во креирањето на политики на локално и државно ниво.

Потребите на лицата со попреченост многу ретко се на врвот на политичките агенди, особено во места каде ресурсите се ограничени. Како резултат на тоа, има многу малку инклузивни програми и услуги за лицата со попреченост. Онаму каде што попреченоста е опфатена во политиките, имплементацијата е често слаба и како резултат на тоа сè уште има многу бариери во општеството за овие граѓани.

Повеќе од 7 години, Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ ги насочува организациските напори и ресурси кон овозможување на соодветни услови за политичко и изборно вклучување на лицата со попреченост. „Инклузива“ има спроведено различни активности за изборно и политичко учество на лицата со попреченост, како што се едукација на гласачите, градење капацитети на изборните институции, но она што е најважно, „Инклузива“ е единствената акредитирана организација во регионот на Западен Балкан која ги следи изборите од аспект на правата на попреченост.

ShareTweetShare
Previous Post

Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“

Next Post

Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково

Related Posts

Од 6 до 9 ноември во Струмица ќе се одржи 8-от Mеѓународен симпозиум по археологија на тема „Теракота и грнчарија – Од Енкиду до зграфито“
Вести

Од 6 до 9 ноември во Струмица ќе се одржи 8-от Mеѓународен симпозиум по археологија на тема „Теракота и грнчарија – Од Енкиду до зграфито“

вторник, 4 ноември, 2025 | 10:06
Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Вести

Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај

понеделник, 3 ноември, 2025 | 21:19
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург
Вести

Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург

понеделник, 3 ноември, 2025 | 09:18
Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик
Вести

Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик

недела, 2 ноември, 2025 | 19:46
Во прекин патниот правец Струмица – Валандово на Валандовско брдо
Вести

Уште една жртва во сообраќајка во струмичко – загина 63-годишен возач на мопед

недела, 2 ноември, 2025 | 13:19
Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево
Василево

Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево

недела, 2 ноември, 2025 | 11:52

ТОП ВЕСТИ

Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург
Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist