вторник, 17 февруари 2026
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Илјада маскирани учесници ќе продефилираат на Струмичкиот карневал 2026 – објавен е распоредот на претставувањето на маските

вторник, 17 февруари, 2026 | 18:50
in Вести, Струмица
Илјада маскирани учесници ќе продефилираат на Струмичкиот карневал 2026 – објавен е распоредот на претставувањето на маските

Вкупно 39 карневалски маски и околу илјада маскирани учесници ќе бидат дел од главната карневалска вечер на годинашното издание на Струмичкиот карневал 2026, според официјалниот распоред на учесници.

Во карневалската поворка ќе продефилираат најмалку илјада учесници, од кои 756 се од Македонија, а 238 учесници доаѓаат од странство, односно од Бугарија, Србија, Хрватска и Црна Гора. Конечната бројка се очекува да биде и поголема, бидејќи за една од странските групи не е наведен точниот број на учесници.

Значителен дел од карневалските маски се направени од ученици од основните и средните училишта од Струмица и регионот, како и од локални карневалски групи, студија и здруженија, кои традиционално се носители на карневалската традиција. Во поворката ќе настапат и бројни меѓународни групи, кои со своето присуство го потврдуваат интернационалниот карактер на Струмичкиот карневал, како дел од европското и светското карневалско семејство.

Меѓу најбројните маски годинава се „Танцот на сонцето“ на СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица со 118 учесници, „Цветина свадба“ на СОУ „Јане Сандански“ со 70 учесници, „Струмички чудесии“ на ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ со 70 учесници, како и „Сончогледи“ на Газелите со 60 учесници.

Карневалската поворка ќе понуди богата програма со креативни и впечатливи маски, инспирирани од традицијата, историјата, фантазијата и современи теми, а присуството на домашни и странски учесници ветува уште едно незаборавно карневалско издание во Струмица.

Струмичкиот карневал, како еден од најпознатите и најстарите карневали во регионот и годинава се очекува да привлече голем број посетители и љубители на карневалската традиција.

Карневалската поворка од Интернационалната карневалска вечер која е во сабота, на 21 февруари стартува во 18:00 часот. /Р.Ѓ./

Распоред на карневалските маски – Струмички карневал 2026

  1. Блескави пеперутки – Шумен, Бугарија (30 учесници)
  2. Игра на снегулките – ООУ „Сандо Масев“, Струмица (30)
  3. Каубојките од Тиквешкиот карневал – Балетско студио Венус (22)
  4. Кралици на ноќта – ООУ „Герас Цунев“, Просениково (25)
  5. Цветина свадба – СОУ „Јане Сандански“, Струмица (70)
  6. Винчини – Винчини, Виница (35)
  7. Очилата на илузијата – Багашовски (1)
  8. Бал на цветовите – ЗОП Фолклорна низа (27)
  9. Сурферите на Лихнида – ООУ „Видое Подгорец“, Струмица (25)
  10. Природата во мене – Багашовски (1)
  11. Диско верверички – Врњачка Бања, Србија (24)
  12. Струмички тотеми – ООУ „Маршал Тито“, Струмица (20)
  13. Варварска хорда – Багашовски (18)
  14. Меѓу силата и мудроста – Мулен Руж (23)
  15. Чувари на мудроста – ОУ „Никола Вапцаров“, Струмица (17)
  16. Сина магија – Шабац, Србија (21)
  17. Танцот на сонцето – СОУ „Димитар Влахов“, Струмица (118)
  18. Сребрени сиринги – ВЕГА Кико стил (17)
  19. Венеција – Котор, Црна Гора (11)
  20. Назад во ’80 – Китки (20)
  21. Во здраво тело, здрав дух – Бела Црква, Србија (24)
  22. Светот на Калимеро, заедно сме сите исти – ООУ „Кирил и Методиј“, Дабиле (26)
  23. Сите сме различни, а сепак исти – Багашовски (8)
  24. Струмички чудесии – ДСУ РЦСОО „Никола Карев“, Струмица (70)
  25. Магелан под цареви кули – Мерит (20)
  26. Аманет – Струма (36)
  27. Beelicous – Брибир, Хрватска (40)
  28. Блескавиот був – Багашовски (1)
  29. Кактуси на карневал – Астра (31)
  30. Ајљак магарина – Разбудени (16)
  31. Креативно студио Авангарда – Лесковац, Србија (20)
  32. Вондерленд – Газели (60)
  33. Луда – Раковица, Србија (12)
  34. Цветна симфонија – СОУ „Киро Бурназ“, Куманово (28)
  35. Драске маскаре – Ријека, Хрватска
  36. Египетски бог – Анубис (1)
  37. Што ми требаше мене ова?! – Дубровачка жупа Млини, Хрватска (19)
  38. Соурварска група Сурвакари – Батановци, Бугарија (37)
  39. Џамалари – Тиквешки карневал (25)

ПРОГРАМА на Струмички карневал 2026 >>>

ShareTweetShare
Previous Post

Студено утро во четврток, дожд и снег во петок, затоплување од понеделник

Related Posts

nevreme
Вести

Студено утро во четврток, дожд и снег во петок, затоплување од понеделник

вторник, 17 февруари, 2026 | 12:05
Струмица утре влегува во карневалска магија: започнуваат Карневалските денови 2026
Вести

Струмица утре влегува во карневалска магија: започнуваат Карневалските денови 2026

вторник, 17 февруари, 2026 | 10:10
Струмица домаќин на првиот турнир од Европската лига 2026 – македонските одбојкари ќе играат против Холандија и Луксембург
Вести

Струмица домаќин на првиот турнир од Европската лига 2026 – македонските одбојкари ќе играат против Холандија и Луксембург

понеделник, 16 февруари, 2026 | 21:17
Златната плакета за Роман Сика од Словачка и Александар Чотриќ од Србија за најдобра карикатура и најдобар афоризам
Вести

Златната плакета за Роман Сика од Словачка и Александар Чотриќ од Србија за најдобра карикатура и најдобар афоризам

понеделник, 16 февруари, 2026 | 20:51
Зголемен водостој на реката Струмица – УХМР предупредува на внимателност во регионот
Вести

Зголемен водостој на реката Струмица – УХМР предупредува на внимателност во регионот

недела, 15 февруари, 2026 | 20:14
Сеќавање на трагедијата: Куклиш одбележа годишнини од опожарувањето
Вести

Сеќавање на трагедијата: Куклиш одбележа годишнини од опожарувањето

недела, 15 февруари, 2026 | 14:13

ТОП ВЕСТИ

Струмица утре влегува во карневалска магија: започнуваат Карневалските денови 2026
Кога спомениците ќе проговорат: во Струмица промоција на романот „Александар јава на запад“ од Венко Андоновски
Инспекцијата „им залепи“ казна од 19.000 евра – во струмичка фирма палеле ротори од возила за екстракција на бакар

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ-ЛУНА“ – Струмица вработува Рафинеријата за масло „ОСТРОГ-ЛУНА“ – Струмица вработува
СЕ ПРОДАВА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА на актрактивна локација покрај регионалниот пат Струмица – Василево СЕ ПРОДАВА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА на актрактивна локација покрај регионалниот пат Струмица – Василево
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори

ВЕСТИ од Македонија

БЛОКАДА НА ГРАНИЦИТЕ: Превозниците од понеделник го стопираат товарниот сообраќај на девет премини

Одрон од карпа на автопатот Скопје – Велес кај тунелот „Бадар“, сообраќајот се одвива без застој

Прекинат сообраќајот на граничниот премин Евзони – Богородица поради блокада од грчките земјоделци

НАЈАВА

Советот на општина Струмица во понеделник ќе одржи седница
ЈСП „Струмица Транспорт“ со најава за измени во сообраќајот поради блокада
Промоција на „Александар јава на запад“ од Венко Андоновски во Струмица
Настан „Љубовта навистина живее – во нас и околу нас“ на 13 февруари во Струмица
Шаманизмот и детските игри во фокус на предавања на две струмичанки во Белград

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist