Изложбата „Средновековни тврдини во југоисточниот регион на Република Македонија“ од авторот д-р Душко Цветанов, која беше отворена на 9-ти октомври, а на која беше промовирана и монографијата, струмичани ќе имаат можност оваа недела, односно од денеска до сабота, 18 октомври, да ја видат во терминот од 17:00 до 19:00 часот во Градската Уметничка галерија на плоштадот во Струмица. Посетителите ќе можат да се запознаат со богатото културно наследство и да ги согледаат резултатите од долгодишните истражувања на авторот.
Инаку, во рамките на изложбата и промоцијата на монографијата беа претставени научни истражувања, визуелни прикази и фотографии од најзначајните средновековни тврдини на територијата на југоисточна Македонија, прикажувајќи ја нивната историска, културна и архитектонска вредност.