Попладнето околу 15:00 часот избувнал пожар во дрвена барака – столарска работилница на улицата „Ристоман Попчевски“ во Струмица, информираат од ТППЕ Струмица.
Веднаш по пријавата шест пожарникари со две противпожарни возила се упатиле да интервенираат во гасењето на пожарот. Пожарот е изгаснат. Направена е значителна материјална штета.