Доцна синоќа околу 1 часот по полноќ пожарникарите од ТППЕ Струмица интервенирале во близина на браната Водоча каде била опожарена викендица. Пожарот бил пријавен од случајни минувачи и кога пристигнале пожарникарите бил во поодмината разгорена фаза.
Шест пожарникари со три противпожарни возила интервенирале во гасењето на пожарот. Веднаш по пристигнувањето било спречено неговото ширење, и се пристапило кон целосно ликвидирање. За среќа нема повредени, но е направена голема материјална штета.
ФОТО: ТППЕ Струмица