Синоќа околу 20:00 часот избувнал пожар на Браната Водоча во близина на Струмица каде гореле сува трева и грмушки, информираат од ТППЕ Струмица. Интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило, а пожарот бил изгаснат за еден час од пристигнувањето на екипата.