Во текот на вчерашниот ден во Полициската станица Струмица било пријавено дека настанал пожар во селото Дабиле со кој била зафатена нискостеблеста шума и сува вегетација. Од екипа од Територијалната Противпожарна единица – Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица, информираат од струмичката полиција.