Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека во последен момент е спречено разгорувањето на шумски пожар кој избувна во падините на планината Беласица, над селото Мокрино. Екипи на ТППЕ Струмица, помогнати од ЈП „Национални шуми“ и месното население го изгасна пожарот.
Од ТППЕ Струмица и информацијата дека два тима од пожарникари-спасители од Струмица заминаа на помош на своите колеги на две локации каде беснеат големи огнени стихии, Крива Паланка и Николиќ кај Дојран.