Учениците од ||² при ООУ „Никола Вапцаров“ во Струмица посакаа и тие да се вклучат во глобалната хуманост кон настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
На нивна иницијатива, а со поддршка на нивните родители и наставничката Наташа Атанасова си организираа хуманитарна акција, подготвија пакети со облека, прибор за лична хигиена, училишен прибор, храна за мали деца, и посакаа да се достават до нивните другарчиња кои останаа без се што имаа пред земјотресот што ги погоди нивните градови минатиот понеделник.
„Хуманоста е широк поим што значи да се помага секогаш и во секој момент кому било и на кој било начин, без оглед на верска, етничка и национална припадност“, вели одделенскиот наставник Наташа Атанасова.
Подготвените пакети за деца од погодените региони во Турција и Сирија беа предадени на Општинската организација на Црвен крст во Струмица кои понатаму преку организиран химанитарен транспорт на Црвен крст на Македонија ќе бидат доставени до нивните другарчиња од овие земји.