Во организација на Здружението „Camerata Ad Astra“ вљубениците во класичната музика по втор пат ќе имат можност да го проследат Фестивалот „Подиум Ад Астра 2025“.
Три концерти со тројца млади, но докажани и безброј пати наградувани инструменталисти се во годинашната програма на Фестивалот „Подиум Ад Астра“, а ќе се реализираат во Градската Уметничка галерија, Младинскиот центар и во Музичкото училиште „Боро Џони“ во Струмица.
Илина Коцевска (хорна) од Скопје, ќе одржи концерт во Градската Уметничка галерија на 22 септември (понеделник) со почеток во 19:00 часот. Давор Василков (хармоника) од Штип ќе настапи во Младинскиот центар во зградата на Општина Струмица на 30 септември од 19:00 часот и Владимир Србиноски (пијано) од Охрид ќе има свој концерт на 7 октомври во ООУМ „Боро Џони“ со почеток во 19:00 часот.
Фестивалот „Подиум Ад Астра 2025“ се реализира со поддршка на Општина Струмица. Организторите ве пoкануваат да ги проследите концертите и да ги поддржите идните македонски културни амбасадори.