Од Општинската организација на ЗНАМ за Наша Македонија – Струмица, соопштуваат дека од денеска започнуваат со поставување отворени прашања до градоначалникот на oпштина Струмица, Костадин Костадинов, и бараат одговори од него.
Кои поранешни функционери од Владата на Зоран Заев се вработени во Општина Струмица и дали дел од нив земаат плата без да доаѓаат на работа?
Дали син на политичар на СДСМ добива(л) плата од Општина Струмица или јавно претпријатие формирано од Општина Струмица, иако истиот живее и работи во САД?
Од ОО на ЗНАМ за Наша Македонија – Струмица, велат дека „струмичани имаат право да знаат“.