Општинската организација на ЗНАМ – За наша Македонија од Струмица денеска до Општинската изборна комисија ја достави својата листа на канидати од 23 членови за Советот на општина Струмица.
Носител на листата ќе биде Александар Илиев, магистер по одбранбени студии King’s College London, магистер по безбедност Институт за мировни и одбранбени студии УКИМ Скопје.
Веднаш зад него во првата „петорка“ се д-р Кирил Манчев, доктор по семејна медицина, Лилјана Јешменова Стојановиќ, технолошки инжинер вработена во приватен сектор, Емилија Гоцевска, одделенски наставник, Александар Бончев, наставник по музичко образование. Следуваат: Драги Арабаџиев, Марија Митева, Фиданчо Методиев, Наташа Витанов, Митко Алачки, Васко Панов, Елисавета Кацурова, Костаке Колевски, Ивана Георгиева, Соња Микиќ-Карамитрова, Сања Чангулска, Димитар Велков, Филип Стојанов, Атанас Јанев, Венера Митева, Јован Мандиќ, Бобан Ѓорѓиевски и Оливера Илиева.
Носителот на листата Александар Илиев ја нарече оваа „листа на средната класа која мисли на доброто за сите граѓани“.
„Ниту еден од листата претходно не бил носител на политичка функција и истата вклучува луѓе со искуство во образование, здравство, култура, право, економија, спорт и приватен сектор. Квалитетни лица се застапени од првите до последните места. Доктори, економисти и работливи луѓе несебично се наоѓаат и на пониски редни места на листата, за да покажат дека ОО на ЗНАМ – За наша Македонија има многу квалитетни лица во своите редови и е партија во која има многу способни луѓе“ – изјави Илиев по предавањето на листата во Општинската изборна комисија.