Светскиот ден на фармацевтите се одбележува секоја година на 25-ти септември, по иницијатива на Меѓународната фармацевтска федерација (FIP) од 2009 година. Целта на овој ден е да ја истакне клучната улога на фармацевтите во унапредување на здравјето, правилна употреба на лекови и промоција на здрави навики во заедницата.
Оваа година светското мото „Think health, think pharmacy“ потсетува дека грижата за здравјето започнува со стручноста и посветеноста на фармацевтите.
ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ утре (четврток, 25 септември) од 10:00 до 13:00 часот организира настан по повод одбележување на Светскиот ден на фармацевтите, кој ќе се одржи на отворен простор, во големиот градски парк во близина на градинката „Детска радост“, со пригодни подароци за посетителите како симбол на благодарност за довербата и соработката меѓу граѓаните и фармацевтите.