петок, 19 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Затвореници од Затворот „Идризово“ преку посредници изнудиле пари од мајка на затвореник

недела, 25 мај, 2025 | 13:22
in Вести, Струмица
Возило излетало од патот Струмица – Валандово, 63-годишен струмичанец тешко повреден

Од струмичката полиција информираат дека вчера до Основното Јавно обвинителство Струмица поднеле кривична пријава против А.Б.(31) и А.Р.(25), двајцата од Скопје, поради постоење на сомнение дека сториле кривични дела „изнуда” по член 258 став 1 и „лихварство“, по член 260 став 1 и против Е.Б.(27) и Р.Р.(20), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ по член 258 став 1 во врска со член 22 и „лихварство“, по член 260 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Имено, А.Б и А.Р. кои издржувале затворска казна во Затвор „Идризово“, со користење на незаконски стекнати мобилни телефони, преку апликацијата „Фејсбук месинџер“ од мајка на друго лице кое издржувало затворска казна барале да им исплаќа сума од 1200 евра месечно за нејзиниот син да добие наводни „гаранции и заштита“ во затворот и подобри услови за сместување, а при видео повиците и покажувале како насилно се однесувале кон нејзиниот син, притоа уценувајќи ја дека доколку не им бидат исплатени пари ќе продолжат со насилството кон синот.

На 23.05.2025 година, Е.Б., кој е брат на А.Б., и Р.Р., кој е брат на А.Р., по претходен договор со мајката на осуденото лице дошле во Струмица со цел да остварат средба со неа, на која требало таа да им даде претходно договорен износ на пари, кои биле дел од парите што ги барале како наводен долг кој таа го имала кон нив. По остварената средба, односно во момент кога Е.Б. ги зел парите, кои биле претходно обележани, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Струмица, а Р.Р. се дал во бегство, но веднаш бил фатен и лишен од слобода. При лишувањето од слобода, кај Е.Б. биле пронајдени пари во различни валути и апоени, за кои тој не приложи документација за потекло на наведените парични средства, по што истите од страна на полициски службеници биле одземени.

Во исто време, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за организиран и насилен криминал и Одделение за насилен криминал при СВР Скопје биле извршени претреси во затворските ќелии во Затвор „Идризово“, во кои престојувале А.Б. и А.Р, при што кај нив биле пронајдени и одземени два незаконски стекнати мобилни телефони.

Е.Б. и Р.Р. биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица. По поднесување на кривичната пријава, лицата биле изведени пред судија од Основен суд Струмица, кој на Е.Б. и Р.Р. им определил мерка куќен притвор.

ShareTweetShare
Previous Post

По повод денот на сесловенските браќа Кирил и Методиј, Општина Струмица додели 15 плакети и признанија на најдобрите просветни работници

Next Post

„Раскази од Пирго“ — промовирана првата монографија за општина Ново Село

Related Posts

Во прекин патниот правец од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница
Вести

Синоќа кај брана Водоча во два одделни случаи фатени дрвокрадци кои превезувале бесправно исечени дрва

четврток, 18 септември, 2025 | 14:34
И годинава ќе се одржи Фестивалот „Подиум Ад Астра 2025“
Вести

И годинава ќе се одржи Фестивалот „Подиум Ад Астра 2025“

четврток, 18 септември, 2025 | 11:31
ЦУК: Гори депонија кај Колешино
Босилово

Приведен подметнувач на пожар меѓу селата Дабиле и Петралинци

среда, 17 септември, 2025 | 15:08
Босилово

Утре голем број на населени места во струмичко ќе бидат без струја од 08:15 до 16:00 часот

среда, 17 септември, 2025 | 11:23
Од традиција до модерна млекарница: „Ѓоргиеви“ од Радовиш, пример како ИПАРД ги менува аграрните бизниси
Вести

Од традиција до модерна млекарница: „Ѓоргиеви“ од Радовиш, пример како ИПАРД ги менува аграрните бизниси

вторник, 16 септември, 2025 | 18:47
Приведено 22-годишно момче, нападнал вработена во угостителски објект и ја оштетил влезната врата
Вести

Во Струмица уапсен крадец кој украл пари од каса во продажен објект

вторник, 16 септември, 2025 | 12:53

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist